Заинтересирани повеќе странски компании за Чебрен и Галиште

Bez autora
Mar 16 2011

Денеска завршува првата, претквалификациска, фаза од тендерот преку кој се бара инвеститори за мегапроектот вреден од 600 до 700 милиони евра, а кој опфаќа изградба на хидроцентралите Чебрен" и Галиште". Овој тендер што го распиша во јануари годинава Министерството за економија е петти по ред и според информациите од ова Министерство, се јавиле повеќе странски компании и инвеститори, при што некои од нив ја подигнале и тендерската документација. Сепак, од Министерството не ги обелоденуваат имињата на заинтересираните компании, бидејќи велат се ќе се знае денеска по 16,30 часот кога треба да се заврши претквалификациската постапка и доколку некоја од компаниите не побара прологирање на роковите, како што впрочем тоа беше случај и досега, во некои од изминатите четири тендери.

Заинтересирани повеќе странски компании за Чебрен и ГалиштеДенеска завршува првата, претквалификациска, фаза од тендерот преку кој се бара инвеститори за мегапроектот вреден од 600 до 700 милиони евра, а кој опфаќа изградба на хидроцентралите Чебрен" и Галиште".

Овој тендер што го распиша во јануари годинава Министерството за економија е петти по ред и според информациите од ова Министерство, се јавиле повеќе странски компании и инвеститори, при што некои од нив ја подигнале и тендерската документација. Сепак, од Министерството не ги обелоденуваат имињата на заинтересираните компании, бидејќи велат се ќе се знае денеска по 16,30 часот кога треба да се заврши претквалификациската постапка и доколку некоја од компаниите не побара прологирање на роковите, како што впрочем тоа беше случај и досега, во некои од изминатите четири тендери.

Во согласност со изменетите услови во однос на поранешните тендери очекувањата во Владата за блиска реализација на двете хидроцентрали на Црна Река беа мошне оптимистички. Но, со промената на политичката состојба и влегувањето во изборен период се чини ќе се усложнат и работите околу овој проект, бидејќи се поизвесни се најавите за изборите, што треба да се случат најдоцна во јуни. По правило многу често инвеститорите се воздржуваат да се вклучуваат во наддавања во вакви изборни периоди, а дури и да се дотера тендерот до крајот, неизвесноста продолжува, зашто потпишувањето на договорот со најповолниот инвеститор ќе мора да го почека конституирањето на новата законодавна и извршна власт.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik